Враќањето на навивачката група „Фемили“ на трибините во „Јане Сандански“ донесе фантастична атмосфера и пеколна атмосфера на денешниот натпревар на МЗТ Скопје, која за жал не беше крунисана со победа во пресметката со Морнар.

Околу 500 најверни фанови на „металците“ ги оставија гласните жици бодрејќи ги своите миленици, кои не им вратија на ист начин откако прокоцкаа плус 19 и загубија во мечот со исклучителна важност за македонскиот шампион. Црногорците имаа повеќе среќа во клучните моменти, додека домашните кошаркари буквално се сокрија во клучните моменти избегнувајќи да ја преземат одговорноста.

„Фемили“ буквално им одржа лекција на избраниците на Жељко Лукајиќ како се сака и како се бранат боите на омилениот клуб, што би требало да биде лекција за момците во сино-бела опрема на средбите кои доаѓаат.