Фантастична последна четвртина: „Соколите“ со голем пресврт го прелетаа Куманово!

Кошаркарите на Карпош Соколи дојдоа до третата победа по ред во Првата лига сезонава, откако вечерва, со фантастичен пресврт во последната четвртина, како гости го совладаа Куманово со 94-83.

Домаќинот во последните 10 минути влезе со предност од девет поени (62-71), но тогаш проработе нападот на „соколите“, кои четвртиот период го добија со неверојатни 32-12, што на крајот им донесе и убедлив триумф.

Дарко Соколов со 22 поени, шест скока и седум асистенции беше најдобар кај гостите, Ненад Делиќ додаде 20 поени додека Тадеус Мекфејден средбата ја заврши со 12 поени и девет скока. Немања Милковиќ со 19 и Димитар Караџовски со 18 поени беа најефикасни кај кумановци.

Со оваа победа, карпошани се изедначија со Блокотехна на врвот од прволигашката табела со скор 3-0.