Два од два на подготовките во БиХ: Пелистер моќен и против Чапљина!

Кошаркарите на Пелистер дојдоа до убедлива победа и во вториот пријателски меч на подготовките во БиХ, откако синоќа, без никакви проблеми, го совладаа тимот на Ласта Чапљина (96-77).

Битолчани беа далеку подобар противник во пресметката со членот на босанската елита, кој во ниту еден момент не можеше ниту да се понадева на нешто повеќе во овој дуел. Тројките беа најсилното оружје на зелено-белите, со оглед што постигнаа дури 13. Американецот Џастин Мартин и Србинот Игор Кесар со по 16 поени беа најпрецизни во тимот предводен од тренерот Марјан Илиевски, додека Бојан Трајковски постигна 13 поени, а Бобан Стајиќ 10 поени.

Претходно, Пелистер беше подобар од Леотар, а до враќањето во Македонија ќе ги одмери силите со екипите на Зрински, Широки и уште еднаш со домаќинот од Требиње.