Драма во Чаир: Кошаркар на Водно санс се онесвести среде меч од Втората лига (ВИДЕО)

Поранешниот младинец на МЗТ Скопје, Стефан Донаковски, долго ќе го памети денешниот ден, откако како играч на второлигашот Водно санс како покосен се струполи на паркет и остана без свест на мечот од четвртфиналето од плејофот против Шкупи во Чаир.

Инцидентот се случи на скоро пет минути до крајот на натпреварот, кога силното крило прво направи прекршок под противничкиот кош, а потоа само колабираше падна. Судиите и останатите играчи во прв момент не видоа што се случи, а први реагираа од клупата на Шкупи, по што притрчаа и лекарите присутни во салата, кои со брзата реакција му го спасија животот на младиот кошаркар.

Прекинот траеше десетина минути, по што мечот продолжи заврши со триумф на Водно санс (103-99) за 2-0 во серијата и се пласираа во полуфиналето.

* инцидентот може да го видите на 1:56:40 од видеото однос на 4.57 минути до крајот на средбата