Дончиќ со магична асистенција без гледање ги збудале „магичните“ од Орландо (ВИДЕО)

Лука Дончиќ, одигра феноменално во синоќешната победа на Далас маверикс против Орландо меџик (130-124), во меч кој ќе се памети и по неговата магична асистенција во финишот од натпреварот

Словенечкиот интернационалец имаше фантастична прегледност на теренот, па во обид да претрча под кошот на противникот, одеднаш асистира без гледање и зад грб до Фини-Смит, кој ептен лесно поентира. Бекот на „телињата“ средбата ја заврши со 33 поени, 10 скока и девет асистенции.