Докузовски: Воопшто не ми е важно против кого ќе играме во финалето!

Тренерот на Работнички, најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Марин Докузовски, нормално беше презадоволен од вечерашната победа над Куманово за чисти 3-0 во полуфиналната плејоф-серија и пласман во големото финале по пауза од четири години.

Стратегот на центарци смета дека неговиот тим со прикажаното во досегашниот дел од сезоната дефинитивно ја заслужува титулата, но дека воопшто нема да им биде лесно без разлика против кој тим ќе се сретнат во битката за пехарот.

„Сѐ уште сме пораз на домашен терен, вкупно во првенството загубивме двапати, остваривме далеку повеќе победи од противниците и со тоа навистина заслужуваме да дојдеме до шампионскиот трофеј на крајот од приказната. Но, за тоа треба да останеме фокусирани и претпазливи, бидејќи секој кикс, особено во 'Градски парк“ би можел ептен скапо да нѐ чини, без разлика што цела сезона сме доминантни. Воопшто не ми е важно против кого ќе играме во финалето, иако сметам дека МЗТ Скопје е во предност бидејќи води со 2-1 во серијата со Блокотехна и евентуалната 'мајсторка“ би ја играл пред своите навивачи. Ние сме фокусирани самите на себе, да продолжиме да играме во ист ритам, без разлика кој е на другата страна од паркетот. Би сакал да им честитам и на кошаркарите на Куманово на прикажаното во полуфиналето, бидејќи пружија силен отпор без разлика на крајниот исход кој може и да залаже на прв поглед“, вели Докузовски.

Работнички последен пат стана шампион во 2009 година кога во финалето од плејофот го совлада Фени индустри со 4-2 во победи.