Докузовски: МЗТ играше под притисок, а ние мајсторски го искористивме тоа!

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски, беше презадоволен по вечерашното дерби против МЗТ Скопје, разбирливо поради драматичната победа на неговиот тим, но и поради одличната атмосфера која беше за чиста десетка.

Искусниот стратег е свесен дека одличниот шут од далечина е клучниот фактор за триумфот на неговиот тим, а напоменува дека за него воопшто не е изненадувачка партијата на фантастичниот Марјан Јанески, кој постигна 30 поени со 6/6 за тројка.

„Притисокот беше на страна на МЗТ Скопје и ние тоа умешно го искористивме. Ја сменивме одбраната и со тоа ги збунивме, иако примивме многу поени тоа делуваше како психолошки елемент. Имав проблем со скусената ротација како и со фактот што цела недела наназад трениравме со само осум кошаркари. Но, ако се земе сѐ в предвид, мислам дека заслужено славевме. Јанески беше одличен, но тоа што даде шест тројки не е изненадување. Шутиравме добро, но и не погодивме некои отворени шутеви. Радосен сум што имаше одлична атмосфера и што уште еднаш се покажа дека само Работнички и МЗТ може да направат вакво спектакл“, изјави Докузовски.