Дебитантот загуби пет по ред по што настрада - тренерот!

Академија ФМП по неколку одлични средби, меѓу кои беше и триумфот над Работнички, влезе во серија лоши резултати, по што управата на клубот и тренерот Игор Гацов, кој претходно успеа да ја донесе екипата во елитата, заеднички решија дека најдобро е да ја прекинат соработката.

Екипата од Кисела Вода прво загуби од Гостивар, па од Куманово, Пелистер, Еуро Никел, а последниот пораз беше со 60-88 од Работнички.

Дебитантот во македонската Суперлига во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата со само три победи.