Кошаркарите на Работнички без никакви проблеми дојдоа до осмата победа сезонава во Првата лига, откако во вечерашниот последен меч од 10. коло, како гости, беа подобри во пресметката со Вардар 107-89 (32-19, 27-28, 30-15, 18-27).

Шампионот дури си дозволи да загуби две четвртини, втората и последната, но немаше никаков ефект врз крајниот резултат, кој сигурно ќе беше поголем во нивна полза ако тренерот Марин Докузовски не им даде поголема шанса на помладите играчи од клупата со оглед на водството од плус 29 (86-59) во третиот период. Ова беше рутински извојуван триумф, со кој центарци повторно се на делба на првото место со Блокотехна со по еден пораз.

Бојан Крстевски со 22 поени беше најефикасен кај Работнички, додека Бобан Стајиќ и Чавдар Костов постигнаа по 21 поен. Кај вардарци, Американецот Џуниус Провел беше убедливо најпрецизен со 36 постигнати поени.

Во вчера одиграните средби, Кожув го растури Кожув, МЗТ Скопје немаше мака против Пелистер, Блокотехна го доби дербито со Куманово додека АВ Охрид како гостин го изненади Гостивар. Слободен беше Фени индустри. Следниот викенд се игра последното коло од првиот дел од Првата лига по што ќе следува зимската пауза.

ТАБЕЛА: Блокотехна 9-1, Работнички 8-1, МЗТ Скопје 7-2, Гостивар 6-3, Фени И. 6-3, Кожув 4-5, Куманово 4-5, АВ Охрид 3-6, Вардар 2-7, Пелистер 1-8, Шкупи 0-9.