Центарци до 13-0: Работнички гази сѐ пред себе – лесно освоено и Кавадарци!

Кошаркарите на Работнички остануваат без пораз сезонава во Првата лига, откако попладнево, како гости го совладаа Фени индустри (74-55), во првиот меч од 13. коло од домашниот шампионат.

Центарци уште во првата четвртина дојдоа до двоцифрена позитива (18-8), победата беше потврдена во третиот период, кој гостите од „Градски парк“ го добија со 26-15.

Димитар Мираковски со 14 поени беше најпрецизен кај црвено-белите од Скопје, Бојан Крстевски реализира 12 поени, додека Чавдар Костов и Расел Робинсон постигнаа по 10 поени. Новакот Девон Вокер со 21 поен беше најпрецизен кај Фени И.