Блокотехна и официјално се врати во БИБЛ-лигата!

Македонија од денеска и официјално има двајца претставници во Балканската лига, откако раководството на регионалното натпреварување ги потврди најавите за враќање на Блокотехна во БИБЛ.

За гевгеличани ова ќе биде втора сезона по ред да настапува во балканското друштво, откако минатата сезона, како дебитант, стигна до фајналфор-турнирот на кој завршија како четвртопласирани. Избраниците на тренерот Марјан Илиевски првиот меч ќе го одиграат на 4 декември на домашен терен против Академик Бултекс, а целиот распоред на македонскиот тим ќе биде познат во следните неколку денови.

Блокотехна силно ја почна сезоната надомашна сцена, откако оствари пет победи по ред, а сега има скор 5-1 со кој е во самиот врв од прволигашката табела.