Блокотехна добро почна ама сепак загуби на гостувањето во Самоков!

Кошаркарите на Блокотехна го претрпеа и вториот пораз на гостувањето во Бугарија, откако и денеска, по слично сценарио од вчера, загубија во пресметката со Рилски спортист (79-87).

Гевгеличани добро го почнаа натпреварот, ја добија првата четвртина со седум поени 927-20), но попиштија во продолжението што домаќинот го искористи да поведе по првото полувреме (48-45). Во продолжението се играше релативно рамноправно, но македонскиот состав не успеа да направи резултатски пресврт.

Данило Мијатовиќ одново беше играч број еден кај Блокотехна со 27 поени, Литванецот Гаидис постигна 18 поени, Марјан Младеновиќ реализира 10 поени и осум асистенции додека Андреј Цветковски и Горан Главчев средбата ја завршија со девет односно пет поени.

Претходно, составот од Гевгелија лесно и убедливо на домашен терен го совлада Пелистер на стартот од серијата пријателски средби пред новата сезона.