Кошаркарките на Работнички претрпеа пораз во првиот меч во клупската историја и тоа во денешната пресметка против актуелниот шампион Бадел (62-68).

Многумина со нетрпение го очекуваа овој дуел, пред сѐ поради фактот што по седум децении се формира женска секција на екипата од „Градски парк“, но и поради тоа што за овој тим настапува најатрактивната македонска кошаркарка, Едина Муса. Токму нејзината повреда во финишот од мечот, при резултат 55-55 се покажа како клучна за поразот на црвено-белите.

Таа почувствува болка во коленото, по што не можеше да го продолжи мечот, а што гостинките од Кисела Вода го искористија на најдобар начин и со одличен финиш дојдоа до посакуваните два бода.

Претходно, во првиот меч од новата сезона во женската Прва лига, Вардар како гостин го совлада Клупски Патриот со неверојатни 81-19.