Академија ФМП го доби „дербито на дното“ против Струмица

Кошаркарите на Академија ФМП триумфираа во дуелот против Струмица со 89-80 во „дербито на дното“ во македонската Прва лига.

Натпреварот понуди возбудувања од самиот старт, а двете екипи во првата четвртина постигнаа по 19 поени, по што екипата од Струмица влезе во одлична форма и во финишот на првото полувреме избега на девет поени разлика (41-32).

Струмица го одржуваше водството во поголем дел од третата четвртина, но сепак Академија ФМП влезе во серија од 9-0 и направи целосен пресврт (62-58), а драма имаше и во последните 10 минути од мечот, но домаќинот излезе како победник на крајот (89-80).

Коскоски со 31 поен беше најефикасен во тимот на ФМП, додека Крстајиќ со 21 поен беше најдобар во редовите на Струмица.