Академија ФМП договори МВП засилување од Црна Гора

Македонскиот кошаркарски прволигаш, екипата на ФМП, се засили со искусно име, откако во своите редови го донесе минатогодишниот МВП играч на Црногорското првенство, Стефан Крстајиќ.

Крстајиќ, кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора, доаѓа во тимот од редовите на екипата на Приморје, каде што бележеше по 22 поена, 5.6 скока, пет асистенции и две украдени топки по натпревар.

Дваесет и пет годишниот кошаркар, кој игра на шутерските позиции, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора.

После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран. Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи, изјави Крстајиќ.