„Академците“ лесен плен: Блокотехна врза две победи на мини-турнејата во Бугарија!

Кошаркарите на Блокотехна со две победи во исто толку натпревари се враќаат од мини-турнејата во Бугарија, откако денеска, во гратчето Правец, беа подобри во пресметката со екипата на Академик Софија со 71-66.

Третиот период се покажа како клучен за триумфот на гевгеличани, со оглед што овој период го добија со двоцифрена разлика (24-14). Во останатите четвртини се играше релативно рамноправно, но водството константно беше на страната на македонскиот тим.

Литванецот Гаидис овој пат беше најефикасен во составот предводен од Марјан Илиевски со 18 поестигнати поени, а еден помалку реализира Данило Мијатовиќ. Петар Николиќ беше стрелец на 12 поени додека Марјан Младеновиќ постигна 10 поени.

Блокотехна веднаш тргна назад кон Гевгелија, каде што ќе ги продолжи подготовките за новата сезона.