Повторно ќе се точат горива во Куманово на најсовремената пумпа на Макпетрол

Една од најфрекфентните бензиски станици во државата, таа на Макпетрол на влезот во Куманово, од денеска повторно е во функција и тоа по едномесечното реновирање со кое таа стана убедливо најсовремена во системот на оваа компанија за трговија со горива.

Оваа пумпа е меѓу трите најпрофитабилни според прометот со гориво, а менаџментот на Макпетрол очекува дека со реновирањето ќе успее да го зголеми прометот од најмалку 10-отсто во следниот период. Зголемен е бројот на пиштоли за точење на гориво и тоа на 50, со понуда на бензин, дизел, течен гас и метан, а истовремено може да се точи гориво на 14 возила.

„Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствените капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, Макпетрол АД Скопје ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати.

Денеска свечено беше отворена целосно обновената Бензинска станица во Куманово, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

Макпетрол АД Скопје продолжува со својот концепт на создавање мултифункционални бензински станици во кои покрај достапноста на висококвалитетни горива се нудат и дополнителни содржини. Тоа е уште еден показател дека Компанијата секогаш се труди на потрошувачите да им создаде пријатни и современи продажни точки каде што ќе добијат професионална услуга и квалитетни производи. Оваа бензинска станица, ќе ги снабдува потрошувачите со Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 100, Еуродизел, Авто ТНГ и метан. Притоа, истовремено гориво можат да наполнат 14 моторни возила.

Капацитетите, односно функционалните содржини на оваа бензинска станица, се надополнети со целосно обновен надворешен и внатрешен продажен простор, модерен мини ресторан, современи и чисти тоалети, вајфај-корнер, како и простран паркинг,

Компанијата верува дека токму ова е иднината на бензинските станици и во чекор со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис инвестира во своите веќе постоечки капацитети со цел сервисирање на сите потреби на потрошувачите.

Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници Постојаната заложба на Макпетрол АД Скопје да ги стави потрошувачите во центарот на својата работа, ја докажува посветеноста на Компанијата да создаде вистинско партнерство со потрошувачите. знаејќи при тоа дека успехот го должи на довербата и лојалноста на клиентите и секако на пошироката општествена заедница“, се вели во соопштението од Макпетрол.

Според најавите, следна за реновирање во овој супер-модерен и функционален стил е бензиската станица на Макпетрол во Штип.