Се комплетираше шестото коло во најатрактивната Бизнис 3х3 Баскет Лига.

Екипата на SolutionAde, како еден од трите лидери на табелата во неизвесен натпревар дојде до тешка победа против SportLife. Макстил продолжи со стопроцентен учинок, овој пат жртва беше екипата на Pharma S. ЈСП рутинирано славеше против Park Land Hospitality, исто како и АД Пивара против Cevahir Sky City.

Ако SportVision се мачеше против Форд Ми-Да во вториот ден од шестото коло и победи со тесни 2-1, тоа не важеше за Атлантик Група кои на вториот терен славеше со 2-0 против екипата на АД Алкалоид.

Во фер-плеј натпревар Сава Осигурување извојува сигурна победа против К&А, додека пак во динамичен натпревар МакАутоСтар на крајот славеше против Колид С ТИМ.

Во последните два натпревари НЛБ Банка славеше против InPlayer со 2:0, а со истиот резултат Eos Matrix славеше против екипата на АД ЕСМ.