Зарко брилира во Ле Ман: Пол-позиција со рекорд на патеката!

Жоан Зарко ќе стартува прв на трката за големата награда на Франција, во Мото џи-пи, како прв Французин со пол-позиција во „кралската класа“, по пауза од 30 години.

Возачот на Тех3 Јамаха оствари најбрзо време во последниот круг, со резултат 1:31.185, што претставува нов рекорд во Ле Ман. Со тоа го потисна Марк Маркез на втората позиција, а друштво во првиот ред ќе им прави и Данило Петручи.

За разлика од Зарко, возачите на фабричкиот тим на Јамаха потфрлија, Маверик Вињалес заврши осми, а Валентино Роси ќе биде деветти.

Трката се вози утре во 14 часот, ќе биде петта во календарот, а дотогаш во генералниот пласман води Маркез со 70 бода, пред Зарко со 58.