Загина 14-годишен мотоциклист на патеката „Каталуња“

Шпанецот Андреас Перес, кој имаше само 14 години го загуби животот за време на трката до Мото 3 шампионатот во јуниорска конкуренција. 

Трката се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона во неделата, а Перес учествуваше во инцидент заедно со уште неколку други мотоциклисти. Сепак, тој го извлече најдебелиот крај. Укажана му била прва помош уште на патеката, но им подлегнал на повредите во болница во текот на вчерашниот ден.

„Андреас не ја заврши трката, загубивме сјаен возач и секако исто таква личност. Многу ќе ни недостига“, соопштија од неговиот тим Реале Авингија Рејсинг.