„Враќањето на Кубица е ужасна работа за Формула 1“

Поранешниот шампион во Формула 1, Жак Вилнев го оцени враќањето на Роберт Кубица како ужасна работа за спортот.

Кубица сезонава се врати во натпреварувањето во Ф1, откако доживеа тешка несреќа на рели во 2011 година.

„Ако си работеш нешто што си сакал и ти е одземено, ќе работиш уште повеќе за да го вратиш. Да сум на негово место, истото би го направил. Но, за Ф1, неговото враќање е ужасна работа. Тие треба да бидат врвот на тркачкиот спорт, па не е добро во неа да учествува некој со инвалидитет“, порача Вилнев.

Полскиот возач има проблеми со движењето на десната рака, откако во несреќата во рели му беше скршена раката и нога кога удри во заштитната ограда.