Волф му ја отвори вратата на Фетел во Мерцедес?

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф не ја отфрла можноста да го ангажира Себастијан Фетел, доколку Луис Хамилтон или Валтери Ботас заминат од тимот.

Фетел на крајот на сезоната официјално ќе го напушти Ферари, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Од друга страна, Хамилтон и Ботас остануваат без договор во исто време и можни се промени, па дури и преселба на Фетел во Мерцедес.

„Еден од нив двајца може да дојде и да каже дека повеќе не сакам да возам за вас и потоа да добиете празно место. Затоа не сакам во моментов да кажам дека нема шанси Фетел да дојде кај нас. Мислам дека од почит кон човекот кој е четирикратен шампион не може да го одбиеме. Едноставно, за таква можност мора да размислите“, кажа Волф.