Војна во Ф1: Ред Бул има докази против Мерцедес (ВИДЕО)

Стартот на сезоната во Формула 1 е возбудлив, а се очекува борбата за титулата да продолжи до крајот. Во претходните недели од Мерцедес се пожалија кај ФИА поради задното крило на Ред Бул, па тимот нема да може да го користи од 20 јуни.

Мерцедес беше еден од тимовите кои најмногу го критикуваа Ред Бул, но сега се појавиј и докази за предното крило на тимот на Тото Волф.

Ред Бул ќе прекине да го користи задното крило од 20 јуни, односно од трката за Големата награда на Франција, додека од Мерцедес инсистираа тоа да се случи од 6 јуни, односно трката во Азербејџан.

„Мерцедес мора да протестира против осум тимови. Зашто освен нас, тука се и Ферари, Алфа Ромео, Алпине и други. Дали сакаат да се борат против толку болиди и да направат голем скандал? Не верувам“, вели шефот на Ред Бул, Хелмут Марко.

По трката за Големата награда на Монако, Макс Ферстапен е лидер во генералниот пласман пред Луис Хамилтон.