Вистински малер: Инцидентот на Игор Стефановски во Зандворт! (ВИДЕО)

Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши трката во Зандворт, Холандија во шампионатот на ТЦР-серијата. Откако на минатата трка излета од патеката во Франција, нашиот возач имаше инцидент и денеска во Холандија.

На почетокот на трката, инцидент направи возачот на Хјундаи, Рис Бар, кој го допре тркалото на автомобилот на Даниел Наџ, а Стефановски не можеше да го избегне судирот.