Вињалес ја освои пол-позицијата во Мизано!

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ќе тргне од пол-позицијата на седмата трка во Мото ГП шампионатот.

Вињалес до првата позиција дојде со круг од 1.31.077, откако по завршување на квалификациите му беше поништено најдоброто време на Пеко Бањаја бидејќи излезе надвор од патеката

Младиот Италијанец поради тоа беше преместен на петтата позиција, а на Вињалес во првиот ред ќе му се приклучат Џек Милер од Дукати и Фабио Квартараро од Петронас Јамаха.