Вињалес ја освои пол-позицијата пред трката во Катар

Возбудувањата во Мото ГП шампионатот почнуваат со трката во Катар, која се вози утре, а денеска се одржаа квалификациите на кои најбрз беше натпреварувачот на Јамаха, Маверик Вињалес.

Вињалес имаше време од 1:53.546, а на втората позиција заврши Андреа Довициозо од Дукати, додека бранителот на титулата, Марк Маркез ќе стартува трет со својта Хонда. Од четвртата позиција ќе тргне Џек Милер, колегата од Дукати на Вињалес.

Првата трка во Мото ГП во Катар се вози утре од 18 часот.