Вилијамс го претстави новиот болид и се надева на голем успех (ВИДЕО)

Вилијамс има болид со нов дизајн и детали кои ќе влијаат на резултатите, но и нова опрема која ќе ја носат членовите на тимот.

Сите карактеристики Вилијамс ќе може да ги покаже во новата сезона, а кампањата на новиот болид ја опишуваат како „Животот е само еден“.

Тестирањата за новата сезона почнуваат на 18 февруари во Барселона, додека првата трка се вози на 17 март во Австралија.