Верстапен ги исплука Фетел и возачите на Рено: Тие се дебили!

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ги исплука Себастијан Фетел и возачите на Рено, Даниел Рикиардо и Нико Хулкенберг во завршницата од денешните официјални квалификации за гранприто во Кина на кое Валери Ботас од Мерцедес стигна до пол-позицијата.

Верстапен ќе тргне од петтото место на трката, а тој беше посебно бесен поради однесувањето на останатите возачи, пред се Фетел, Рикиадро и Хулкенберг, пред завшниот круг, кога тој излезе прв, ама другите не го испочитуваа правилото и го претекнаа.

„Ова е е*ено сра*е. Тоа се такви дебили најискрено. Сите се наредивме, а потоа тие се е*ено упропастија. Се обидуваш кој сите да бидеш добар, а сите тие потоа сè ќе упропастат“, рекол Верстапен преку тимското-радио.

Возачот на Ред Бул и пред новинарите посочил дека ривалите направиле грешка, видно вознемирен што не се нашол во битката за највисоките позиции на квалификациите.

„Го имаме тој договор да го почитуваме кога ќе се излезе на патеката да се внимава на распоредот. Сè одеше како што треба и потоа Ветел ме претрка, па потоа и двата болиди на Рено. Ми зафркнаа сè, целата подготовка за последниот круг. Сега сè се менува – јас е ги е*ам секој пат“, рекол Вестапен.