Ужасни квалификации за Довициозо, пол-позиција за Маркез

Марк Маркез ќе стартува од првото место на „Филип Ајленд“ на трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот, додека неговиот најголем ривал за титулата Андреа Довициозо ќе тргне дури од 11.место.

Шпанецот извозе најбрз круг со време од 1:28,386 минути, што за него е четврта пол-позиција по ред на оваа трка. Друштво во првиот стартен ред ќе му прават Маверик Вињалес и Јохан Зарко. 

Најголемиот конкурент на Маркез за титулата Довициозо имаше ужасни квалификации и успеа да извозе време само за 11-тата позиција. Тој имаше тежок пад на четвртиот слободен тренинг, па Италијанецот призна дека тоа влијаело на неговите перформанси во квалификациите. 

Маркез води во генералниот пласман со 244 бодови, додека Довициозо има 233.