Ужасен инцидент го реши победникот на „Дејтона 500“ во последниот круг (ВИДЕО)

Познатата трка „Дејтона 500“ го одбележа ужасен инцидент во последниот круг. Во тој момент лидерот Рајан Њумен се обидуваше да го спречи Рајан Блејни да го премине, по што се изврте, удри во заштитниот ѕид и потоа се судри со уште едно возило, кое го исфрли во воздух.

Возилото на Њумен се запали додека лизгаше по патеката, по што заработи тешки повреди, но не е во животна опасност.

Овој судир му овозможи на Дени Хамлин повторно да триумфира на популарната трка.