Уште ова го немавме видено: Најлуд начин да наполниш гориво во БМВ (ВИДЕО)

Во БМВ добиле инспирација од авионската индустрија, па решија за новиот модел М5 да покажат дека е возможно да се наполни гориво во автомобилот додека е во возење и тоа не едноставно едносмерно, туку на најтешкиот начин за време на „дрифтање“.

БМВ преку видеа покажа дека исклучително опасниот маневар е возможен и тоа на кружна патека. Се искористија два БМВ М5, едниот кој го полнеше резервоарот, а другиот како мобилна цистерна.