Трилер во Австрија: Довициозо на последен свиок го помина Маркез за да победи! (ВИДЕО)

Италијанскиот возач на Дукати, Андреа Довициозо победи на денешната трка во Мото ГП за Големата награда на Австрија во суперинтересната трка во најбрзиот мотоциклискички циркус.

Шпанецот Марк Маркез како и обично беше голем фаворит за триумф и денеска во Австрија, но овојпат Довициозо во лудата трка успеа да го помине. Двата возачи наизменично се менуваа на трката и на три круга до крајот следеше буквално лудило, наизменично претекнувајќи се на патеката. Во завршниот круг, буквално на последен свиок Довициозо успеа да го претрка Маркез и на крајот да победи.

Трет на денешнот гранпри беше Фабио Квартаро, потврдувајќи дека сезонава е одличен. Зад него ги остави Валентино Роси и Виналес.