Трета сезонска победа на Ферстапен, прв подиум за Гасли

Макс Ферстапен по трет пат сезонава се искачи на највисокот место на победничкиот подиум, откако денеска славеше на трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. 

Возачот на Ред Бул славеше пред поранешниот тимски колега Пјер Гасли од Торо Росо за кого ова беше прв подиум во кариерата. Трет беше светскиот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

Двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер имаа контакт меѓусебе и ја завршија трката на пет круга до крајот. 

Карлос Сајнц, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Даниел Рикардо, Ландо Норис, Серхио Перез и Данил Квајт се возачите кои освоија бодови на „Интерлагос“.

Последната сезонска трка во Формула 1 шампионатот сезонава се вози за две недели во Абу Даби.