Тото Волф: Ако Расел дојде во нашата џунгла - ќе изгори!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, смета дека се уште е рано во нивниот тим да се приклучи талентираниот возач на Вилијамс, Џорџ Расел.

Расел важи за еден од најдобрите млади возачи во овој спорт, а својот голем талент го покажа со возењето во Формула 2, каде што стана светски шампион, па се шпекулира дека набргу би можел да премине во редовите на „сребрената стрела“.

-Не сметам дека постои шанса некој млад возач да влезе во болидот на Мерцедес. Ние се бориме за победи, за титули, тука ртитисокот е голем. Мислан дека во моментов соработувачката со Расел би било ужасно решение. Тој е премногу млад, талентиран возач, а доколку се фрли во нашата џунгла - ќе изгори, порача Тото Волф.