Светскиот рели шампионат ќе се вози годинава и во Хрватска

Второто најгледано автомобилистичо натпреварување, Светскиот рели шампионат (ВРЦ) годинава може да се води и во Хрватска, откако првиот човек на ова натпреварување, Оливие Сиесла бил во посета на Загреб и понудил „кандидатска трка“ во ВРЦ за оваа 2020 година.

Сиесла во загреб се сретнал со првите луѓе на хрватскиот свтомото и картинг сојуз, со градот Загреб, како и потенцијалните организатори и во октомври е предложен термин за одржување на трка од ВРЦ.

„Сакаме кандидатска трка и ако сè помине во најдобар ред, тогаш вратите за постојана трка во ВРЦ се отворени“, рекол Сиесла.

Хрватите ќе се обидат да организираат сè како што треба, зашто седум години разговарале за вториот најгледан автомобилски шампионат, кој го гледи 80 милиони луѓе во светот, да се одржи во оваа земја.

„Седум години преговараме и сега имаме шанса за финална проверка, која ќе ни ја отвори вратата во ВРЦ. Колку е значаен овој момент говори и фактот дека имаме поддршка од Владата, од градот Загреб, од сите останати институции. Се надевам дека во следните десетина дена ќе ги затвориме сите работи за кандидатската трка пред крајот на годинава. Многу работа има пред нас, ама на добар пат сме“, рекол Даворин Штетнер, првиот човек на хрватскиот свтомото и картинг сојуз.