Супер вести за љубителите на Мото ГП: Роси ќе вози на ГН на Европа

Валентино Роси се враќа на мотоциклот на Јамаха овој викенд на патеката „Рикардо Тормо“ во Шпанија на која ќе се вози трката за Големата награда на Европа. 

Италијанецот конечно се опорави од Ковид-19, откако денеска по втор пат беше тестиран и вториот тест покажа дека е негативен. Тој иако не возеше на денешните слободни тренинзи утре рано наутро повторно ќе биде на мотоциклот и сигурно ќе настапи во квалификациите за неделната трка.

Роси ги пропушти последните две трки што се одржаа во Арагон, Шпанија.