Стравична незгода на трка во Белгија – болидот буквално леташе во воздух (ВИДЕО)

Автомобилската трка „Шест часа Спа“ ќе се памети по дебитантската победа на поранешниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, но и по стравичната незгода на рускиот возач Матевос Исакјан.

Русинот возејќи во болид на СМП Рејсинг во еден момент загуби контакт со асфалтот и буквално летна во воздух директно во заштитната ограда. Несреќата изгледаше толку страшно што ниту еднаш не беше прикажана во преносот од трката, но еден од гледачите успеал да ја „улови“ со својот мобилен телефон.

На голема среќа, Исакјан мина без никакви повреди.