Страшна сцена на Дакар: Камион прегази невнимателен гледач (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше забележана на Дакар, кој се вози во Јужна Америка. Руски возач реши да вози и по несреќата, а неговите шефови соопштија дека не знаеле за прегазениот гледач.

Рускиот возач Андреј Каргинов налета на група гледачи, која тргна да бега, а еден од нив падна под камионот, но за среќа помина добро.

Според информациите, му била скршена една нога, а Каргинов бил дисквалификуван од годинешната трла.

Рускиот возач немал намера да направи такво нешто, а неговите шефови соопштија дека не го забележал гледачот, зашто била нагорнина.

Моментот на несреќата на видеото може да се погледне на 5.00.