Страшен инцидент на Мото 3: Летна преку мотор и тресна на патеката (ВИДЕО)

Квалификациите во Мото 3 во Италија ги одбележа голем инцидент, откако Џејсон Дупаские по падот од мотор заврши во болница.

Возачот од Швајцарија летна преку моторот и падна на патеката по што остана без свест, а веднаш потоа интервенираа медицински лица.