Спектакуларна прва трка во Тајланд: Маркез финишираше пред Довициозо (ВИДЕО)

Марк Маркез триумфираше на првата трка за Големата награда на Тајланд во рамки на Мото ГП шампионатот, по спектакуларна борба со Андреа Довициозо. 

Победникот не се знаеше се до последните метри од патеката во Буринам, но на крајот возачот на Хонда беше тој кој се радуваше. Неговиот ривал од Дукати демонстрираше фантастично возење, па мораше да се задоволи „само“ со второто место. Јамаха конечно по подолго време имаше добра трка, па Маверик Вињалес се искачи на победничкиот подиум, додека Валентино Роси финишираше како трет. 

На врвот во генералниот пласман Маркез води со 271 бод, пред Андреа Довициозо, кој има194, додека трет е Валентино Роси со 172 бода. До крајот на шампионатот има уште четири трки, а следната се вози за Големата награда на Јапонија на патеката „Твин Ринг Мотеги“.