Синот на Михаел Шумахер стана шампион во Формула 3 (ВИДЕО)

Синот на Михаел Шумахер, поранешниот шампион во Формула 1, Мик стигна до титулата во Формула 3 шампионатот.

Младиот Мик се израдува на титулата, откако денеска ја заврши трката во Хокенхајм на второто место.

Шумахер на овој начин покажа дека му претстои голема иднина, а светските медиуми пишуваат дека наредната сезона Мик ќе настапува во Формула 2.