„Силверстоун“ останува во календарот на Ф1 до 2024 година

Пред трката за Големата награда на Англија, организаторите на трката и претставниците на Формула 1 (Ф1) успешно ги завршија преговорите, па возачите ќе се натпреваруваат на „Силверстоун“ уште пет години.

Задоволството од потпишаниот договор во Лондон не го криеше член на Чејс Кери, кој уште еднаш истакна дека од почетокот на преговорите тие биле да остане трката во календарот на Ф1.

„Многу сме задоволни со фактот дека трката во Англија ќе се вози во следните пет години и понатаму во ‘Силверстоун’. Секогаш зборувавме дека целта ни е да ги зачуваме историските трки. Уште од 1950 година се вози Ф1 на оваа територија, па логично беше да ја зачуваме во календарот“, кажа Кери.

Воодушевување од потпишаниот договор не го криеше ниту првиот човек на „Бритиш Рејсинг Драјверс“, кој кажа дека догодина ќе биде 70 години од првата трка на „Силверстоун“.

Трката во „Силверстоун“ е една од најпосетените во календарот на Ф1 со над 680.000 фанови во последните две години.