Шумахер се приклучи на академијата на Ферари

Светските медиуми пишуваат дека Мик, синот на легенедарниот Михаел Шумахер, ќе биде член на академијата на Ферари.

Мик ќе вози сезонава за Формула 2, а исто така ќе има и два теста за Ферари сезонава, додека лани го освои шампионатот во Формула 3.

Учеството во академијата на Ферари не му гарантира место во Ф1. Голем број возачи поминаа низ академијата, како што е Шарл Леклер.

Ферари го ангажираше Паскал Верлејн за развоен возач, кој го замени Даниел Квајт.