Сензација во Истанбул: Ленс Строл го урна митот на Мерцедес за пол-позиција!

Возачот на Рејсинг Поинт, Ланс Строл направи невидена сензација денеска на официјалните квалификации за Големата награда на Турција во Истанбул, откако го урна недопирливиот Мерцедес во оваа сезона, за да стигне до пол-позицијата за утрешната трка.

Ниту еден друг тим не успеа сезонава да го урне митот на Мерцедес за да им земе пол-позиција, па тоа од сите успеа да го направи „малиот“ Рејсинг Поинт со Строл, за кого ова е прва пол-позиција во кариерата. Луис Хамилтон досега имаше девет, а Ботас четири од 13-те победи во невидената доминација на германскиот тим, кој веќе ја освои конструкторската титула во оваа сезона.

Строл во завршницата од квалификациите извозе на тешката и полна со вода патека време од 1:47,765 минути и беше практично недостижен, па Макс Верстапен, кој во првите две сесии „доминираше“ со над две секунди предност, успеа само да стигне до втората позиција со заостаток од 0,290 секунди, додека серхио перез, клупскиот колега на Строл заврши како трет со над две секунди заостаток, иако водеше до самиот финиш од квалификациите.

Разочарувачки настап денеска имаа недопирливите Мерцедес, со Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кои завршија на шестото односно деветото место. Пред Хамилтон се најде Албон, како и Рикардо, додека Очон и Раиконен беа пред Ботас.

Веќе не е ни новост, за новиот ужасен и разочарувачки настап на Ферари и тандемото Кларк Леклер -Себастијан Фетел.