Сензација на стартот на Мото ГП: Зерко со рекорд на патеката до пол-позиција (ВИДЕО)

Францускиот возач на Јамаха, Жоан Зерко со рекорд на патеката во Катар ја освои пол-позицијата пред утрешната премиера на новата сезона во мотоциклизам во „кралската класа“.

Французинот за четврт секунда го поправи рекорот на патеката со време 1:53,690 минути, надминувајќи го рекордот кој го држеше Хорхе Лоренцо од пред една деценија. Ова е трепа пол-позиција за Зерко во кариерата, а ја освои пред шампионот Марк Маркез.

Трет во стартниот ред ќе биде Данило Петручи, кој беше побавен од Маркез за 0,005 секунди. Зад нив ќе тргнат Кал Крачлу на ЛЦР Хонда, Андреа Довициозо на Дукати и Алекс Ринс на Сузуки.

Седмо врмее освои Дани Педроса, а зад него „докторот“ Валентино Роси.

Премиерната трка од катарското гран-при се вози утре од 17 часот.