Секси девојките си заминаа засекогаш од стaртната рамнина во Ф1!

Челните луѓе на Формула 1 ќе воведат промена во изгледот и имиџот на најпопуларниот авто-мото спорт, праќајќи ги во историјата секси девојките кои ги придружуваа болидите на стартната рамнина.
 

Досегашните „грид-девојки“, ќе бидат заменети со програмата наречена „Грид-деца“, почнувајќи од оваа сезона. Челниците на Ф1 имаат план да ја направат церемонијата пред секоја трка попривлечна за најмладите.


Затоа атрактивните модели ќе бидат заменети со деца и тоа млади натпреварувачи во картинг, избрани од националните авто-мото власти во секоја земја. Новата сезона во Ф1 почнува на 25 март, со трката за големата награда на Австралија.