Саинц си го кажа своето: Не прифатив за да бидам втор пилот во Ферари

Пилотот на Мекларен, Карлос Саинц, изјави дека не ја прифатил улогата на „втор возач“ во тимот на Ферари, односно нема да му го отстапи лидерството на Шарл Леклер.

Тој во 2021 година ќе седне во болидот на Ферари, а уште од сега ги кажа своите намери за во иднина.

Јас нема да бидам втор пилот на Ферари. Нема такво нешто напишано во мојот договор. Единствено е што интересите на тимот се поголеми од интересите на возачите. Во секој случај, знам дека ќе дадам се од себе за Ферари и ќе се борам за победа. Ако се појави тешка ситуација, ќе донесам вистинска одлука, порача Саинц.

Оваа сезона шампионатот во Формула 1 ќе почне на 5 јули со трка за Големата награда на Австрија.