Розберг удри по Холанѓанецот: Верстапен мораше да биде казнет!

И покрај неверојатната трка во Австрија, победничкото надминување на Макс Ферстапен над Шарл Леклер и понатаму предизвикува контроверзии

Стјуардите го окарактеризираа инцидентот меѓу двајцата како „тркачки“ и ја потврдија победата на Холанѓанецот, а поранешниот светски шампион Нико Розберг дури објави дека било срамно дури и што бил ставен под прашање неговиот успех.

Шампионот за 2016-та, Нико Розберг сепак, е на друго мислење и смета дека Ферстапен требало да биде казнет, бидејќи го истуркал надвор од патеката противнико.

Мислам дека Макс заслужуваше да победи, бидејќи беше одличен. Во исто време, сепак, мислам дека тој мораше да добие казна затоа што ги прекрши правилата. Според мене, при победничкиот маневар тој намерно почна да врти подоцна, за да не остави место од надворешната страна, како што беше при првиот обид да го претекне Леклер кој контрираше успешно. Знаеше дека овој пат не треба да остави простор, па затоа тој сврте доцна, излегувајќи од својата вообичаена тркачка линија. Затоа мислам дека тој мораше да биде казнет, што е, се разбира, непријатно, бидејќи тој имаше неверојатна трка и токму такви натпреварување сакаме да гледаме, рече Розберг.