Роси се соочи со вистината: Маркез ќе ги урне моите рекорди!

Поранешниот светски шампион Валентино Роси призна дека неговите рекорди во Мото ГП шампионатот се во опасност доколку Марк Маркез продолжи во ист ритам и наредните години.

Победата на Маркез на Големата награда во Тајланд беше негова 42. во кралската кариера, па така стигна до чекор на петтата титула во категоријата, а вкупно седма.

Неговиот најблизок ривал има 77 бодови помалку на четири трки пред крајот, што значи на Шпанецот му е доволно само еднаш да биде пред возачот на Дукати за да ја освои шампионската титула.

„Маркез може да ги урне моите рекорди, но тоа не ме возбудува. Мора да размислувате за својата кариера, а сметам дека мојата е многу добра. Стигнав до многу победи, а можев да освојам и повеќе титули“, кажа Роси.