Роси пропушти победа: Маркез на највисокото место на подиумот на „Сепанг“

Марк Маркез дојде до својата 70-та победа во кариерата откако славеше на трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот. 

Губитник на денот беше Валентино Роси, кој се чинеше дека може да дојде до првата победа по 26 трки, но ја загуби контролната над моторциклот на четири круга до крајот и излета од патеката. Тоа го искористи Маркез да се пробие на првото место и да дојде до нова победа, додека подиумот го комплетираа Алекс Ринс од Сузуки и Жоан Зарко од Јамаха.

Последната трка од сезоната се вози за две недели во Валенсија.